-За помалку од 48 часа, Љупчо Николовски и Оливер Спасовски покажаа „заби“ и цврста решителност да ги задржат работите под своја контрола.
Првиот, од позиција на партиски генерален секретар, како ниеден функционер од редовите на СДСМ досега, упати јасна порака до ДУИ: Ако сакате да кокетирате со ВМРО-ДПМНЕ и да го спречите носењето на Законот за јавно обвинителство – направете го тоа! Ама ние имаме доволен број на пратеници да ви дадеме „шут-карта“, да формираме ново парламентарно мнозинство и нова Влада. Предвремени избори – нема да има!
До вчера „недопирливите“ екс команданти и сопартијци на Али Ахмети, ретерираа уште истиот ден: за миг почнаа да фрчат прес конференции, изјави и фејсбук статуси, преку кои недвосмислено ја искажаа својата „верност“ кон поголемиот коалициски партнер.
…
Прислушувањата. Уцените. Гласовите за „ин витро“. Апсењата на неистомисленици со камери. Рушењата со динамит. Провизиите од „жутите“. Плацевите на Водно. Расипувањето лифтови на денот на избори. МВРО-ВМРО. „…овие од Тоше против нас биле, да ја ибркаме сестра му од работа?…“. Тефтерчето на Горде. Гласачите од Пустец. Затворањето на А1. Циганите за уши. Хилтите. „…он, жената, децата, све у ендек ќе ги најдат…“…Мартин Нешковски… Парапетчето… „Она на М“ …Ние сме лудаци… Субрата Рој. „…А војна да има?“. Ништо од тоа ниту ќе ви заборавиме, ниту ќе ви простиме.
Целата колумна на Зоран Милошески за Публикум на следниов ЛИНК.