Со здружени сили можеме многу подобро – на 12-ти април одиме на победа, истакна Зоран Заев, претседателот на СДСМ.

„Чекориме кон полноправно членство во НАТО и ЕУ, обединети за сигурна иднина. Затоа, на нашата заедничка куќа ставаме уште поцврсти темели. Коалицијата со движењето Беса е историски момент за демократијата и за плурализмот. Градиме општество кое се крепи на еднаквост, праведност и правичност. Градиме држава во која има шанса за сите“, рече Заев.