Веќе видено сценарио на вечерашните протести во Нови Сад:
Првично планирате мирни протести во знак на револт и барање одговорност од властите за трагедијата на железничката станица во која загинаа 14 луѓе, се претворија во насилство. Поточно, маскирани млади момчиња, насилници, вандали со безбол палки и бакљи, ја демолираат Градската куќа во Нови Сад, вршат нужда врз неа, ја провоцираат полицијата, прават се’ за да прикажат лажна слика дека граѓаните, опозицијата се насилници, а власта нивна жртва.
Се’ е тоа иста шема, иста матрица… само локацијата различна.
Вучиќ = Грујо. ДПМНЕ = СНС.
Горан Стефановски би рекол: „И на овој Балкан никогаш ништо не одело како што треба. Дваесет илјади години наназад. Вие сте осудени да живеете во состојба на пропаѓање. Не, не на пропаст, да се разбереме. Пропаста е дефинирана состојба. Ни на благосостојба од која сте далеку. Туку на постојано и постојано пропаѓање. Во истите дупки, на ист начин“.
Жална Македонија. Уште пожална Србија.

ФБ став Зоран Милошески