Се проширува листата на продавници во кои може да се плаќа со ДОМАШНАТА ПЛАТЕЖНА КАРТИЧКА.

Новите дејности кои беа додадени се: продавниците за текстил, обувки, предмети од кожа, спортска опрема, продавници за книги и продавници за мебел, осветлување, производи за домаќинства.

Уредбата за домашната платежна картичка вчера беше дополнета и сега граѓаните со домашната платежна картичка може да купуваат домашни производи и услуги во:

🇲🇰 🏨 Хотели, одмаралишта, кампови и други објекти за сместување
🇲🇰 🗺 Туристички агенции и оператори
🇲🇰 🥣 Ресторани, достава и подготовка на храна и пијалоци
🇲🇰 🏪 Супермаркети
🇲🇰 🥨 Продавници за храна, пиљари, пекари
🇲🇰 🛋 Mебел, осветлување, производи за домаќинства
🇲🇰 📚 Книжарници и продавници за книги
🇲🇰 🏋🏻‍♀️ Спортска опрема
🇲🇰 👗 Продавници за облека, обувки, предмети од кожа
🇲🇰 💊 Аптеки
🇲🇰 💇‍♀️ Фризерски салони и салони за убавина и други услужни дејности

Бирајте ги производите со “Купувам домашно” кое ќе биде назначено на гондолата, рафтот, производот, лифлетот во продавниците…бидејќи кога купувате МАКЕДОНСКИ производи и услуги, придонесувате за зачувување на работните места на сите наши сограѓани кои работат во производство или услужна дејност! – порача министерката за финансии Нина Ангеловска.