Министерот за земјоделство, шуарство и водостопанство Љупчо Николовски најави нов ИПАРД повик за преработувачка индустрија во износ од 5 милиони евра кој се очекува да биде распишан наскоро.

Ова го потврди и директорот на Платежната агенција, Никица Бачовски кој објасни дека се работи за непотрошени средства од минатите повици што се планира да се стават на располагање преку брз јавен повик за Мерка 3: ИНВЕСТИЦИИ ВО ФИЗИЧКИ СРЕДСТВА ЗА ПРЕРАБОТКА И МАРКЕТИНГ НА ЗЕМЈОДЕЛСКИТЕ И РИБИНИТЕ ПРОИЗВОДИ.

Се планира овој јавен повик да биде наменет само за набавка на опрема, а градбата на објекти нема да биде прифатлива инвестија.

Во продолжение прочитајте нешто повеќе за условите и можностите за аплицирање:

КОРИСНИЦИ

Правни лица (трговски друштва во рангот на микро, мали, средни претпријатија до 250 вработени и годишен обрт до 50 мил. €) и
Задруги.
Претпријатија кои не се опфатени со дефиницијата за микро и средни, но кои вработуваат помалку од 750 вработени и кои имаат годишен обрт кој не надминува 200 мил. €, може да бидат прифатливи како корисници, но во овој случај поддршката може да се додели за инвестиции посебно наменети да го надградат целиот систем во согласност со релевантните стандарди на ЕУ.

ПРИОРИТЕНИ СЕКТОРИ

Преработка на млеко и млечни производи;
Преработка на месо и месни производи (вклучувајќи јајца и живина);
Преработка на овошје и зеленчук (вклучувајќи компир, печурки и легуминозни култури);
Преработка на житарици, мелнички производи и скроб;
Растителни и животински масти и масла;
Шира, вино и оцет;
Производство на енергија со преработка на примарна биомаса од растително и животинско потекло, со исклучок на биомаса од рибни производи.
СОПСТВЕНОСТ

За земјиштето и/или објектите кои се предмет на инвестицијата барателот треба да докаже:

Сопственост или
Договор за закуп
(најмалку 7 години од денот на поднесување на барањето).

ПРИФАТЛЛИВИ ИНВЕСТИЦИИ

Купување и/или инсталација на нови машини и опрема/инструменти за:

-Сортирање, прибирање, складирање и разладување на собирните места;
-Преработка, пакување, разладување, замрзнување, сушење итн. и складирање (вклучувајќи и манипулација);
-Воведување на производство на нови производи, нови технологии и процеси;
-Заштита на животната средина;
-Производство на енергија од обновливи извори на енергија;
-Подобрување и контрола на квалитет и безбедност на суровините и готовите производи.
-Купување на специјални транспортни резервари и приколки за транспорт на суровините вклучувајќи и транспорт на живи животни;
-Купување и/или инсталирање нови машини и/или опрема за заштита на животната средина, вклучувајќи опрема за производство на електрична енергија и/или греење со употреба на обновливи извори на енергија;
-Развој и воспостваување на инфраструктура, на имот кој е во сопственост на претпријатието, со цел задоволување на потребите на производната активност на претпријатието.
-Идни инвестиции

Барателите може да поднесат повеќе проекти во рамките на оваа мерка во текот на спроведувањето на Програмата, под услов максималните вкупни прифатливи трошоци (до 4.500.000 €) да не бидат надминати и претходните проекти да бидат реализирани, (исплатени на корисникот).

НАПОМЕНА Градбата на објекти нема да биде вклучена во овој повик бидејќи и по брза постапка треба да се склучат договори со инвеститорите и инвестицијата комплено да заврши до 31.05.2023

ВИСИНА НА ФИНАНСИСКАТА ПОДДРШКА

Висината на финансиската поддршката изнесува до 50% од вкупните прифатливи трошоци на инвестицијата.Горната граница се зголемува за 10 процентни поени за:
-Инвестиции во опрема со цел подобрување на енергетскатата ефикасност;
-Инвестиции во опрема за производство на био-енергија во случај на преработка на производи (суровини), како и преработка на примарна и секундарна биомаса од животни и растенија;
-Инвестиции во опрема за производство на енергија од други обновливи извори на енергија со цел задоволување на сопстевните потреби за енергија;
-Инвестиции за опрема за третман на вода/отпадна вода.

Минимална вредност на вкупните прифатливи трошоци по инвестициски проект – 10.000 €. Максималната вредност на вкупни прифатливи трошоци по еден корисник по мерка 3 изнесува до 4.500.000 € за целиот период на спроведувањето на Програмата.