-Продолжуваме со континуираната грижа за стандардот и за соодветното вреднување на професионалниот статус на граѓаните. Околу 5.000 полициски службеници и вработени во МВР денеска добиваат бонус плата, во висина од една просечна плата во државата, сподели техничкиот премиер Оливер Спасовски.
-За прв пат им овозможуваме на полициските службеници да го остварат своето законско право да им се исплати покрај додатокот на плата и бонус во висина од една просечна плата ако работеле повеќе од 150 часа од редовното работно време и ако не отсуствувале повеќе од 21 ден во една година.
Го вративме достоинството на полициските службеници, ги направивме поблиски до граѓаните, порача Спасовски.