Армијата ќе им помага на општинските штабови во спроведувањето на мерките против коронавирусот. Таа ќе биде ангажирана за одржување на редот, за дезинфекција и за дистрибуција на храна и лекови, информира вицепремиерот и шеф на Централниот кризен штаб, Бујар Османи.

-Денеска ги известив градоначалниците дека од утре ги имаат на располагање и услугите на армијата за цивилни потреби на општинските штабови во борбата против пандемијата. Пример , при дистрибуција на производи, дезинфекција, одржување ред или какви било други барања од штабовите. Во име на општинските штабови како координатор на истите им се заблагодарувам на Министерството за одбрана и Армијата, кои сега ја проширија својата асистенција покрај за полицијата сега и на општинските штабови – напиша Османи на својот профил на Фејсбук.