Педесет и петгодишна жена од Радовиш се здобила со тешки телесни повреди откако паднала од електричен тротинет на улицата „Ленинова“ во Радовиш.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека случајот бил пријавен на 17 јуни во 11:10 часот во ОВР Радовиш.

Според пријавата, С.М. (55) од Радовиш, управувајќи електричен тротинет, изгубила контрола над возилото и паднала на коловозот.

Во несреќата таа се здобила со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во Клиничката болница во Штип.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од ОВР Радовиш.