Жена (34) од пробиштипското село Трипатанци е повредена при извршување работни задачи во приватна компанија во индустриската зона во Кочани.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека случајот бил пријавен на 22 јуни околу 13:50 часот, кога од Итната медицинска помош во Кочани известиле дека кај нив била донесена повредената Ј.С.(34).

Според првичните информации, жената се здобила со телесни повреди додека била на своето работно место во приватна фирма, лоцирана во индустрискиот дел на градот.