На патниот правец Гостивар – Стража се случил инцидент во кој учествувал товарен камион, кој од засега непознати причини се извртел и излетал од коловозот.
Според првичните информации, камионот останал извртен на коловозот, поради што сообраќајот на оваа делница се одвива отежнато.
На терен се очекува интервенција на надлежните служби за расчистување на патот и утврдување на причините за инцидентот.
Возачите кои се движат на овој патен правец се повикуваат на внимателност и прилагодена брзина.








































