Пратеникот Костадин Костадиновски од СДСМ на денешната собраниска седница му реплицираше на Александар Николоски од ВМРО-ДПМНЕ дека одамна ги најавувале протестите кои никаде ги нема и дека му е неоснована критиката дека автопатишта не се градат зошто по истиот пат Николовски и возел.
– Додека ние помагаме и сме со граѓаните вие опструирате. Зборувавте за изгубени работни места, а оваа поддршка беше за зачувување на работните места. Во Струмица после 33 години се завршпи новата болница, после 40 години таму за првпат се гради нова детска градинка. Заборавате. Николовски додека имавте чест да бидете на власт, за Струмица ништо не направивте. Затоа уште долго ќе си седите во опозиција. – рече Костадиновски.







































