Во Струмица полицијата заплени речиси 6000 пиротехнички средства.

По претходно добиени сознанија, од страна на полициски службеници од ПС-ОН Струмица во објект на ул. „Атанас Нивичански“ денеска се пронајдени разновидни пиротехнички средства, вкупно 5833 парчиња.

Како што соопшти МВР во врска со овој случај приведен е Б.И. (20) од Струмица.

По документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.