СДСМ има коалициски договор со ДУИ за фалсификат попис, ВМРО-ДПМНЕ ќе собира граѓански потписи за негово поништување, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

СДСМ и понатаму продолжува да го турка пописот на сила и со тоа да спроведе фалсификат попис.

Нема попис во кој може да се има доверба кога власта ги одби сите забелешки од опозицијата. Со ова однесување се покажа само колку насилнички се користи власта.Попишување без никакви докази со диктирање на матични броеви и врзани потписи го нема никаде во светот, тоа може само да им одговара на коалициските апетити на расипничката власт и ништо друго. – стоив во соопштението од опозициската партија.

ВМРО-ДПМНЕ не го поддржува овој предлог за пописот и затоа нагласува дека ќе започне со иницијатива за собирање на потписи во Министерството за правда и потоа таа иницијатива ќе ќе ја достави во Собрание со кој ќе побара поништување на Законот за попис, соопштуваат од Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ.

Пописот мора да се одржи оваа пролет, откако последниот во 2011 година, не успеа поради неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ, и никој не смее да го кочи или да го одолговлекува.  – посочуваат од СДСМ од каде велат дека најавениот попис ќе биде по сите меѓународни стандарди, а со цел за да може државата подобро и порамномерно да се развива, да се креираат нови долгорочни развојни политики.