Две лица се приведени по пукањето кај кружниот тек во Ѓорче Петров при што беше повреден полицаец, информираат од Министерството за внатрешни работи за ТВ21.

Вчера попладне, кај кружниот тек во близина на црквата во Ѓорче се случи вооружен инцидент во кој беше ранет полициски инспектор. За него неофицијално се дознава дека бил З.Р., син на поранешниот поглавар на Исламската верска заедница, Сулејман Реџепи. Повредениот сам отишол во болница и се наоѓа надвор од животна опасност. Причините за инцидентот засега се непознати.