Ве читам два дена, и сега ќе го изнесам мојот став и јавно ќе се обратам на директорот на ДПИ: Сопартиец Стојко, несогласување за Одлука на Влада се решева во Влада. Јавно изнесениот став е дрско од твоја страна, многу дрско!
Но дали е тоа причината за јавно обраќање до Владата, или сознанието за твојата смена? Да сега глумиш жртва како директор со принцип кој не попушта.
Јас да сум Заев, до сега ќе беше разрешен! Затоа што е НЕДОПУСТЛИВО НЕпочитување на Одлука на Влада, и НЕ ОДГОВРАЊЕ на телефонски повик од страна на ПРЕМИЕР!
И кога веќе се правдаш на НЕстручен кадар, дали кадарот на ВМРО кој ти го лехабиритира и го истакна во работата и звањата е стручен? Дали имаат соодветно образование, знаејќи како се вработуваа. Зошто не побара нивна смена со соодветно образование?
А за Котева, СРАМ ДА И Е!
Заев е едино виновен што многу ве толерира, и на многумина како тебе им даде шанса. А вие? вие не заслужувате ни во партија да влезете, а не па шанса да ви се даде.
Твоите поддржувачи да не се осмелат уште еднаш да ми пратат покана за групата за твоја поддршка на ФБ! Затоа што јас почитувам раководство на партија, раководство на Влада и нивни Одлуки. Како член на СДСМ за несогласувања, доколку ги има ги решавам лично со функционерите и раководството на партијата, како што доликува на еден социјалдемократ!
Претседателот Заев ја има мојата поддршка!
Ирена Стојкоска







































