„Не е далеку времето кога имавме заробена држава и заробени институции и медиуми, судство. Гледајте што имаме денеска. Наместо заробени медиуми имаме слобода на говор, новинари кои истражуваат, кои отвораат очи и отвораат предмети но и Влада и институции кои расчистуваат без оглед за кого станува збор. Имаме судство коешто се прочистува од судиите од тефтерчињата и коишто испорачуваат правда и за тајкуни и за политичари и за бизнисмени. Нема недопирливи. Одговорност за украденото и правда за секој“ рече генералниот секретар Љупчо Николовски на граѓанската трибина „Најдоброто за нашата општина“ којашто денеска се одржува во Прилеп.

„Наместо заробени институции денеска имаме институции и Влада којашто е најтранспарентна во регионот, прогласена за најотворена и транспарентна. Расипничкото однесување на функционерите од режимот се минато. Сите информации се отворени и за граѓаните и за медиумите. Невладините организации не се поклопени туку се партнер на извршната власт во креирање на мерки и политики за граѓаните.“ додаде Николовски.

„Токму денеска, кога ние во Прилеп ја одржуваме оваа граѓанска трибина, претседателот на Владата седи на иста маса со останатите претседатели на држави и влади како рамноправен партнер, како членка во најмоќниот воено – политички сојуз НАТО. Тоа денеска е реалност. Тоа е гарант за сигурната иднина на сите граѓани и за идните генерации. Македонскиот идентитет и јазик го заштитивме и понатаму го штитиме. Тоа е нашата опција, и тоа се промените, тоа е СДСМ. Донесовме слобода, демократија, членство во НАТО и пред почеток на преговори со ЕУ, со заштитен македонски идентитет.“ рече Николовски.
Граѓанската трибина во Прилеп е втора по ред од најавениот циклус во рамки на засилените теренски активности на СДСМ кои вклучуваат над 1000 маалски средби, граѓански трибини и активности од врата до врата.








































