Возилото излетало од патот во близина на клучката на експресниот пат Куманово – Крива Паланка. По превртувањето, едно лице е починато, а две се повредени.
Според информациите од СВР Куманово, незгодата се случила околу 14 часот, кога и било пријавено во ОВР Крива Паланка.
– Денеска во 14 часот во Одделот за внатрешни работи Крива Паланка било пријавено дека на експресен пат Куманово – Крива Паланка се случила сообраќајна незгода во која патничко моторно возило “фолксваген голф” со кривопаланечки регистарски ознаки управувано од Б.С. излетало од патот.
Во незгодата, осумдесетгодишниот сопатник Б.П. починал на лице место, додека со повреди се здобиле возачот и сопатникот М.П., информира вчера портпаролот на Сектор за внатрешни работи Куманово, Ивана Младеновска.