Скопјанец на возраст од 22 години со иницијали О. М. бил приведен вчера на булеварот Партизански одреди во Скопје.

Како што информираат од МВР, на крстосницата од булеварот ВМРО со булеварот Партизански одреди тој со возилото што го управувал не застанал на знакот за запирање даден од полициски службеници и притоа од прозорецот фрлил едно пакување кокаин, кое било пронајдено и одземено.

Набргу потоа бил запрен и приведен. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.