Според министерката за правда, негласањето на Законот за Јавно обвинителство од страна на опозицијата значи свесна блокада на евроинтеграциските процеси на земјата, дека опозицијата е против зголемувањето на бројот на обвинителите во Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупација и чување на бомбите во Јавното обвинителство, но и избегнување на правдата од страна на одредени политичари од одредени политички партии.
“Само со гласање на законот, опозицијата може да покаже дека е за европска иднина и бескомпромисна борба против криминалот“, истакна Дескоска.