Интегрален текст од прес конфефенција на Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПММНЕ
Почитувани,
Денес ќе обелодениме како општина Виница е управувана и завладеана од една фамилија во права смисла.
Градоначалникот на Виница, Ивица Димитров е човекот чија фамилија владее со цела Виница.
Настрана од административното управување, фамилијата на градоначалникот Ивица Димитров се има исповработено во целата општина.
Па така, Градоначалникот Ивица Димитров непосредно пред формирањето на техничката влада си ја вработил сопругата Теодора Димитрова во МВР односно СВР Штип.
Малку му било тоа, па Градоначалникот си ја вработи и сестрата на неговата сопруга Александра Романова Стоименова, како наставник во ОУ Гоце Делчев Виница, училиште кое е под негова надлежност.
Првиот братучед на Градоначалникот Ивица Димитров, Тони Велков е претседателот на ОО СДСМ Виница и претседател на советот на општина Виница си ја вработил сопругата Ема Велкова во Македонски пошти и внукот од сестра Филип Лазаров во МВР.
Кумот на Градоначалникот Ивица Димитров, членот на ЦО на СДСМ Панче Стоименов си ја вработил сопругата Марина Стоименова во Министерство за Финансии, Управа за имотно правни работи подрачна единица Виница.
Има ли поголем доказ од овие роднински врски дека Виница е заразена со непотизами е владеана и управувана само од една фамилија односно главата на таа фамилија е Ивица Димитров?
Дали Антикорупциската комисија има намера да отвори случаеви за овој непотизам во Виница?
Апелирам уште еднаш до Антикорупциската комисија да ги провери овие нови случаеви на непотизам кои што се случени, односно луѓе кои што се вработени од страна на луѓе со раководни позиции во Виница непосредно пред техничката влада односно пред Нова година. Значи ова е нов втор бран на непотизам во Виница и да покрене соодветни постапки доколку се утврди дека има непотизам да се сноси одговорност од страна на повиканите лица. Не може и не смее да помине ова без одговорност. Знаејќи и стравувајќи дека власта им бега од раце брзаат да си ги исповработат своите роднини функционерите на СДСМ.
Видовме во Прилеп, видовме во Велес, еве денеска видовме во Виница, наредните денови ќе продолжиме и со други градови.
Одговорност ќе има и мора да има.
Доколку нема одговорност пред 12 април верувајте дека по доаѓањето на ВМРО-ДПМНЕ на власт по 12 април одговорност ќе има за сите повикани кои што има сериозни сомнежи за злоупотреба на власта.