– Новиот еврокомесар за проширување Оливер Вархеји смета дека Европската Унија или Комисијата нема што многу да каже за враќањето на избеганиот поранешен премиер Никола Груевски и оти тоа прашање треба да се упати до унгарските власти.
-Не мислам дека Комисијата ја има поставено оваа цел, дека целта на реформите во судството во Северна Македонија е да се врати поранешниот премиер Никола Груевски од земја членка на Европската Унија. Се работи за национална способност, рече Вархеји одговарајќи на новинарско прашање.
Европската унија или Комисијата, како што посочи, нема што многу да каже по ова прашање и најдобро е да се упати до унгарските власти.
На новинарско прашање дали во земјава може да има нормални судски процеси без мешање од страна на нашите политичарите, еврокомесарот Вархеји рече „секако тоа мора да се случи“.