Еврокомесарот за соседска политика и за проширување Оливер Вархеји на прес конференцијата во владата, потврди дека проширувањето на ЕУ за новата Комисија е приоритет и дека нивна оценка е дека Северна Македонија и Албанија се се подготвени за преговори. Тој додаде дека ќе се настојува одлуката за тоа да биде донесена со новата методологијата пред самитот во Загреб, која ќе биде објавена заедно со економски план за поддршка на регионот за да се започне процес за намалување на разликата на животните стандарди на земјите од регионот со земјите членки на ЕУ.
Вархеји потенцираше Република Северна Македонија покажа напредок и постојана динамика на реформите и дека како награда за функционалното искористување на фондовите на ЕУ, тој му предложил на Европскиот Парламент да ја награди земјата со 50 милиони евра за поддршка на спроведување на реформите.