Пред собраниската Анкетна комисија за скандалот на Клиниката за Онкологија, денеска сведочеше поранешниот министер за здравство Венко Филипче. Тој истакна дека во негово време за прв пат e воведена биолошката терапија за пациентите со малигни заболувања. Поранешниот министер Филипче, истакна дека од 2018 кога започна неговиот министерски мандат, направени се системски промени за голема контрола на квалитетот на лековите, увоз на лекови со европски сертификат, со што е спречена претходната пракса на паралелен увоз на лекови со сомнително потекло и без сертификати.

Филипче пред пратениците говореше дека додека тој управувал со министерството бил во редовна комуникација со сите здруженија на пациенти со малигни заболувања, како и во контакт со медиуми и пацинети и никогаш до него не стигнала каква било информација за злоупотреби на Клиниката. Како што посочи поранешниот министер, напротив во тој период и пациентите и Здруженијата биле задоволни од набавената нова биолошка терапија која била достапна постојано дури во време на Ковид кризата, кога Филипче воспостави систем пациентите со малигнитет, таблетарната терапија да ја примаат дома, и истата да им се испорачува во домовите.

Тој истакна дека до него не стигнале никакви информации за пропусти во работењето ниту пак индиции за злоупотреби на лекови дошле како информации до него, од страна на истражните институци