Уште еден СКАНДАЛ од опозицијата во услови кога државата се справува со корона вирусот!!!

Сакајки да добијат дневно-политички поени изнесувајки лажни вести, користејки ја ситуацијата со корона вирусот ја брукат и државата!!!

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николовски, демантиран од Обединетите нации!!!


Силен шамар за неодговорната ВМРО-ДПМНЕ и Александар Николовски!, порачаа од СДСМ.

„ООН јавно ги демантираше лажните вести на Николовски и ВМРО-ДПМНЕ кои бесрамно, крајно неодговорно ги шират среде најголемата глобална пандемија со коронавирусот.
Не е точно дека ООН правеле некакви проценки на владини мерки како што излажа Николовски. Затоа Обединетите Нации и јавно демантираа и побара да не бидат вклучувани во политички дискусии. Тоа е вистинското лице на ВМРО-ДПМНЕ, неодговорно, несериозно, лажно, на штета на државата, на штета на граѓаните, на штета на најсветото нешто, здравјето.“ – стои во соопштението од СДСМ.