На денешната седница, владата го именуваше Горан Сугарески за директор на Царинската управа.

Сугарески дипломирал на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиj“, каде станал и магистер по политички науки. Во периодот од 2000 до 2003 година бил советник во советот на Општина Прилеп, по што во таа општина до 2008 година работел како комунален инспектор.

Во периодот од 2008 до 2016 година бил пратеник во Собранието на Република Северна Македонија. Во текот на пратеничкиот мандат, Сугарески бил член на парламентарната делегација за соработка со НАТО, на комисиите за прашања за избори и именувања, за одбрана и безбедност и на Законодавно-правната комисија, како и заменик-член на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство. Во периодот од 2013 до 2015 година бил заменик-координатор на пратеничката група на СДСМ, а потоа станал и координатор до 2016 година.

Сугарески до пред неколку месеци ја извршуваше функцијата министер за транспорт и врски.