Митинг што едвај двесте луѓе го гледаат во живо на официјална страна на лидер на опозиција од 2 милиони македонци, не само што не е митинг туку покажува дека граѓаните овој т.н лидер и неговата партија не ја перцепираат како важен политички фактор.

Вчерашниот митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Крива Паланка освен што беше забележителен послаб одзив на кривопаланчани во споредба со “туристите” од околните општини, позната тактика на опозициската партија, лош впечаток оставија самите говорници кои се обратија пред партиските послушници.

Кандидатот за пратеник Емил Спасовски во својот говор, покрај познатите флоскули кои ги повторува веќе неколку години, не спомна ниту еден збор за тоа што тој како пратеник од Крива Паланка ќе направи за својата општина. Спасовски не вети ниту ЕДЕН ПРОЕКТ за Крива Паланка. Празен говор пропратен со критики и ароганција. Ништо друго од овој кандидат на ВМРО-ДПМНЕ.

Ако Емил Спасовски не вети ниту еден проект на своите сограѓани и гласачи, носителот на листа Драган Ковачки прочита набрзина тоа што му е напишано на хартија и спомна дека ќе граделе делница Длабочица-Страцин, најверојатно толку е информиран дека експресниот пат во тој правец веќе е пред самиот финиш, и прашање на краток период е кога ќе биде пуштен.

Кандидатката за претседател Силјановска, која додека предходните говорници ја поздравуваа од бина, стоеше со рацете во џеб, покажувајки класична непочит, покрај тоа што држеше предавања, мислејки дека е на правен факултет а не во политичка кампања, вети на паланчани дека Крива Паланка ќе била Права. Само таа знае што сакаше да каже…

На крај, професорот, кој беше асистент кај својот татко, умислен дека веќе е премиер, освен што молеше за коалиција со ЛЕВИЦА и ЗНАМ (па нели ќе имал 60 пратеници, зошто сега ова молење?), оној истиот кој се прави “на тошо” кога ќе се спомнат хидроцентралите, не успеа да се воздржа и повторно во негов далеку од професорски речник, упати закани, најверојатно уплашен од слабата поддршка што ја има ВМРО-ДПМНЕ во Крива Паланка.

Првиот натпревар е во среда кога се гласа за претседателските избори.

Среда е близу, за некој ден. Среда вечер, претпоставуваме каков ќе биде изразот на лицата на Мицкоски и Ковачки кога ќе ги слушнат првичните резултати од оваа општина.