Изјава за медиуми, Симона Јандриевска од ОО СДСМ Ѓорче Петров
Почитувани,
Од февруари платите на лекарите специјалисти се зголемуваат за 25%, за општите лекари за 15%, за медицинските сестри за 10%, а 5% повисоки плати ќе добиваат здравствените соработници и помошно техничкиот персонал.
Севкупно, над 18.000 вработени во јавното здравство од следниот месец добиваат значително повисоки плати.
Ова е предвидено со најновите измени и дополнувања во Колективниот договор за здравствена дејност, при што направено е значително зголемување на коефициентот на сложеност, со што се зголемува и додатокот на плата за дежурства.
Со овие измени опфатен и е и помошно техничкиот персонал.
Споредено во однос на 2018 година, досега дежурствата во здравството се зголемија за 3 до 4 пати, а од месец февруари ќе бидат зголемени од 4 до 5 пати.
За разлика од криминалното владеење на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ вложува во човечкиот капитал и обезбедува подобри услови за работа на здравствените работници и поквалитетна здравствена заштита.
Ако досега само во некои клиники со дежурствата платата на лекарите специјалисти достигнувала 100.000 денари, од февруари на сите клиники платата ќе биде 100.000 денари, а некаде и повисока.
Тоа е остварување на ветувањето на СДСМ за плата од 100.000 денари за лекарите специјалисти.
Покажуваме дека сме на вистинскиот пат!