– Како претходната Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ започнала изградба на болницата на нецелосен проект каде недостига системот за електрика?
– Кој дозволил да се отпочне со изградба без систем за електрика?
– Како може болница да функционира без електрика? Како може пациентите да ја добијат здравствената заштита во болница без електрика? Ова се трите прашања кои ги постави СДСМ, во врска со Клиничката болница во Штип.
– ВМРО-ДПМНЕ за 11 годишното владеење остави цунами во јавното здравство. Здравствени работници без зголемени плати и пациенти без лекови. Единствено ВМРО-ДПМНЕ што направи е што пушти во реализација проект за изградба на болница во Штип без систем за електрика. Тотален аматеризам. Следната прес-конференција на оваа тема, ВМРО-ДПМНЕ треба да ја одржи пред својот партиски штаб, затоа што одговорите треба да си ги бараат од белата палата. Повикуваме Обвинителството да го истражи случајот со болницата, реагираат од СДСМ.