„Вашата фрустрација од тоа што сте татино синче и асистенче, што Ве буткале цел живот – си ја извадивте на говорница. Се надевав дека ќе го задржите нивото, но гледам дека сакате ад хоминем.
Нашиот левичарски карактер е да ги презираме преварантите како Вас.!?
” – рече во контра реплика до премиерот Мицкоски, лидерот на Левица, Димитар Апасиев.
“Кога веќе сакавте кукавички да си ја извадите вашата фрустрација, се надевам не сте поднапиен во овој момент, сакам дополнително да Ве прашам: Како со обична професорска плата стигнавте до саат од 60 илјади евра, којшто чини колку станот во којшто јас живеам?
И дали е вистина дека планирате Вашата сестра да ја вработите како доцентка на УГД на Фармацевтскиот факултет!?”- прашаАпасиев.
“Како успеавте со ваков “вичен и правичен” адвокат до Вас да го изгубите спорот со Левица? Јас ја разбирам Вашата фрустрација од тоа што не можете како за СДС, да извадите и за нас дека сме имале фирми во Сингапур, ваму, таму… и сега ќе ни кажувате: „Одел Апасиев на одмор во Халкидики”. Да! Оди. Оти е средна класа. Апасиев не живее од хидроцентрали како тебе! Апасиев живее од професорска плата.