“Дали треба да преговараме за амнестија за криминалот и криминалците од ВМРО-ДПМНЕ? НЕМА ДА ПРЕГОВАРАМЕ. Се знаат црвените линии преку кои нема да одиме. Дека ни треба Закон за Јавно обвинителство, апсолутно ни треба. Од старт се залагаме за носење на овој закон. Кој е тој што бега од носење на овој закон? Тоа е ВМРО-ДПМНЕ. Зошто? Затоа што тоа им беше единствена шанса преку која пробуваа да си ги заштитат криминалците. Тоа им е јасно и на граѓаните.” – потенцира Костадинов од СДСМ во 24 Анализа на телевизија 24.