Сања Лукаревска, директорката на Управата за јавни приходи, во предизборната програма на СДСМ најави дека по изборите лимитот на исплата на поврат на ДДВ од скенирањето на фискални сметки ќе се зголеми од 600 на 800 денари.

„За првпат воведовме мерка со која ги враќаме парите кај граѓаните, следните 4 години можеме уште подобро. Се зголемува лимитот за поврат на пари, од 600 на 800 денари“, истакна Лукаревска.

Во моментов од проектот „Мој ДДВ“ граѓаните на своите трансакциски сметки максимум може да добијат 600 денари, без разлика колку пари потрошиле месецот.