Вицепремиерот задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси Љупчо Николовски, го коментираше случајот Драги Рашковски, и неговото приведување и спроведување во притвор.

Николовски во „Клик Плус“ на ТВ21 кажа дека тој случај со Рашковски е доказ дека нема недопирливи и заштитени.

„Било кој еден случај за кого зборуваме, ја потврдува одлучноста, и дека нема заштитени. Нема недопирливи. Во оваа слобода и демократија, институциите мора да постапуваат. Да бараат, да истражуваат, да покренуваат постапки и да имаме постапки низ кои ќе се докаже дали некој ќе одговара. Ова нешто беше незамисливо претходно, откако немаше ниту една постапка против функционер на ВМРО-ДПМНЕ. Правиме се уште од денеска да го направиме правично општеството, да нема недоприливи и секој да одговоара за своите постапки, и партиската книшка да не значи дека ќе бидете заштитени“, рече Николовски.

Вицепремиерот го спомена и случајот на Сашо Мијалков, за кого кажа дека минатото раководство се плашеле името да му го изговорат, а сега тој ќе одговара за своите постапки, рече Николовски.