Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски денеска се сретна со Масимилијано Паолучи, шеф на Канцеларијата на Светска банка во Република Северна Македонија.
Николовски и Паолучи разговараа за напредокот на имплементацијата на Проектот за модернизација на земјоделството финасиран од Светка банка, како дел од нашата долгорочна политика за обезбедување на сигурни и безбедни синџири на снабдување со здрава храна за нашите граѓани.








































