После многу години чекање конечно започна реконструкцијата на патниот правец Крива Паланка – Деве Баир, објави на Фејсбук Генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски кој патем е од овој крај!

Овој патен правец е многу важен за моите сограѓани и развојот на Крива Паланка, токму затоа неговата реконструкција беше и моја лична заложба. Модернизацијата на овој дел од Коридорот 8 ќе ги зајакне трговската размена и економската соработка со европските земји, вели Николовски.

На означување на почетокот од реконструкцијата на А2 делница Крива Паланка – Деве Баир присутни беа и премиерот Оливер Спасовски, директорот на Државни патишта Зоран Китанов, министерот за транспорт и врски Горан сугарески, Евроамбасадорот Самуел Жбогар, директорот на канцеларијата на ЕБОР во Скопје Анди Аранитаси и градоначалникот на општина Крива Паланка Борјанчо Мицевски.