„За Христијан Мицкоски, свесното и намерно кршење на Уставот од страна на неговата послушничка Рашела Мизрахи е политички маневар, а не она што навистина е, загорување на Договорот од Преспа и загрузување на евроинтеграцискиот процес.

Со ваквите ставови Христијан Мицкоски признава дека неговата и намерата на кадрите на ВМРО-ДПМНЕ во преодната влада е единствено да работи против интересите на граѓаните и државата.

Мицкоски е нервозен, затоа што е свесен дека не успеа да ги исполни задачите од Будимпешта и неговиот ментор Груевски.

Извршителот Мицкоски не успеа да го спречи процесот на интегрирање во НАТО и ЕУ, не успеа да го одбрани криминалот на неговиот шеф Груевски, не успеа да ја врати државата во времињата на поделби и изолација.

Мизрахи мора да биде разрешена затоа што свесно го прекршува Договорот од Преспа и ги загрозува односите со соседите.

Мизрахи се дрзна да злоупотреби државна институција во партиски цели, се дрзна да го прекрши Уставот само за да ги исполни нарачките на Мицкоски и Груевски и затоа мора да биде разрешена.

Понудата на Мицкоски е сведена на блокади, деструкции и обиди за обнова на режимот, што најдобро се гледа преку однесувањето на кадрите на ВМРО-ДПМНЕ во преодната влада.

Затоа на 12 април тој и ВМРО-ДПМНЕ може да очекуваат нов убедлив пораз од граѓаните. На претстојните избори граѓаните уште еднаш ќе ги поразат погубните политики на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ раководено од Будимпешта“, стои во соопштението на СДСМ.