Од добро упатени извори, дознаваме дека веќе подолг период, трае незадоволството од работата на помошник директорот на Царинската управа, Златко Ветеровски.

Ветеровски, кој е помошник директор за царински систем, од нашиот извор е посочен како главен кочничар на позитивните реформи во рамки на Царинската управа.

Но, она што најмногу ја “прелеало чашата” е одземањето на лиценците на лиценцираните застапници поради неучество на дополнителна обука за време на ковид криза и игнорантскиот однос од негова страна.

Велат, Ветеровски со оваа одлука во изборен период направи огромна штета кон самите лиценцирани застапници кои остануваат без лиценци за работа а со тоа и неизвесност во зачувување на своите работни места. Штета е направена и врз компаниите во кои овие лица работат.

Смената на Ветеровски била договорена, останува само точниот тајминг поради изборниот процес, а веќе се спомнуваат и неколку имиња за негов наследник.