Во Основниот кривичен суд во Скопје денеска беа изречени пресудите за предметот „Трезор“, кој се однесува на злоупотреба на средства од Буџетот на државата за набавка на електронско-комуникациска опрема за потребите на Петтата управа при УБК и обука за нејзино користење од фирма од Велика Британија.
Во „Трезор“ првообвинет е поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков, како и поранешниот шеф на неговиот кабинет Тони Јакимовски, поранешниот помошник-министер во МВР Небојша Стајковиќ, и поранешениот началник на Петтата управа во МВР Горан Грујевски. Тројца се товарат за злоупотреба на службената положба и овластувања, а Тони Јакимовски за помагање.
Според обвинението, во овој случај се злоупотребени над 860 илјади евра.
Случајот „Трезор“ го води судијката Џенета Бегтовиќ, а застапник на обвинението е ОЈО за организиран криминал, кое го презема предметот од поранешното СЈО.
Ова се изречените казни:
Сашо Мијалков, 8 години затвор
Горан Грујевски, 15 години затвор
Небојша Стајковиќ, 5 години затвор
Тони Јакимовски, 5 години затвор