Клучот на успешната соработка помеѓу земјоделецот и ресорното министерство е изградена доверба, а единствен начин за да се стекне доверба е доследното спроведување на земјоделските политики и програми. За да можат двете страни и да дадат и да добијат максимум, неопходно е меѓусебно да креираат продуктивна и позитивна врска. Оваа врска е комплексна и во неа се интегрирани повеќе важни аспекти:

  • ТРАНСПАРЕНТНОСТ и ОТЧЕТНОСТ

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство е пример за транспарентност! Најтраспарентна државна институција  со 100% проактивна транспарентност. Тоа значи дека институцијата по сопствена волја и иницијатива, редовно и навремено објавува јасни, прецизни и точни информации во корист на сите чинители во земјоделскиот сектор, преку лесно-достапната и интерактивна веб-страница.

  • ДОБАР СЛУХ

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство седи на иста маса со земјоделците, го слуша нивниот глас и го зема предвид нивното мислење и нивните грижи при креирањето на нови мерки, програми и политики. Фидбекот од земјоделците е темелот на кој се гради секоја нова политика.

  • ЕДНАКОВ ПРИСТАП

Субвенциите конечно стигаат во рацете на вистинските земјоделци, без селективност, без списоци, без притисоци…

  • КОМУНИКАЦИЈА

Поголема комуникација, побрза реакција, подобри резултати!

Како никогаш досега, на чело на министерстово за земјоделство стои човек кој секојдневно е на терен помеѓу обичните земјоделци. Врска која не дозволува губење контакт со реалноста, посветеност која овозможува да се слушне и пофали се’ што е добро и навремено да се детектираат и санираат слабостите.

Поголема комуникација, побрза реакција, подобри резултати!

  • ПОДДРШКА

Минатата година се исплатија над 150 милиони евра за одржување и развој на земјоделството преку субвенции, мерки од рурален развој и рибарство, школските шеми, интервентниот фонд, грантовите за мали семејни производители, мали винарии и дестилерии и ИПАРД проекти.

  • ИНОВАТИВНОСТ

Кога постои јасна и недвосмислена определба да се работи во корист на земјоделците, мора да постои иновативност со цел постојано да се изнаоѓаат нови, креативни и иновативни решенија кои ќе воведат новини со цел постојано мутиплицирање на позитивните резултати. Грантови за набавка на опрема, нов модел на авансно субвенционирање, нови мерки согласно потребите на земјоделците, избор на вински инфлуенсери, мерка за набавка на зелена нафта и редица други.