Педест и седумгодишен пешак од Скопје е тешко повреден откако во него удрил автомобил, синоќа на ул. Христо Татарчев во скопската населба Кисела Вода.

Според информаиите, автомобил „пежо 407“, управуван од Д.С. од Скопје удрило во пешакот Љ.Б.(57) од Скопје.

Во несреќата пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.