На социјалните мрежи со молскавична брзина се прошири вознемирувачко видео на кое јасно се гледа брутално претепување на девојка од страна на две момчиња. Причината е непозната, но од тоа што може да се разбере е дека се работи за наводна бременост на девојката, иако ниту една причина на светот не смее да биде повод и причина за вакво монструозно однесување.
Не знам точно што се случува на видеово, но згрозен сум од вакви п…и што се иживуваат и тепаат девојки и жени.
Од тоа што разбрав, девојката затруднела, и мангупот и вика да го заборави и да не го бара никогаш!
Споделете!!! pic.twitter.com/MlDr13uHyQ— DonDDiablo (@MKDDiablo) April 2, 2020
На социјалните мрежи веднаш се крена бура од реакции за ваквото однесување и според дел од објавите на социјалните мрежи насилниците кои се дрзнуваат на најбрутален начин да претепаат девојка наводно се членови и активисти на ВМРО-ДПМНЕ, а едниот од нив според фотографија преземена од социјалната мрежа фејсбук и самиот се декларира како активист на ВМРО-ДПМНЕ. Колку и дали е тоа вистина ќе се дознае откако службите и официјално ќе го откријат идентитетот на злосторниците.
Дечкиве од Штип кои на видеото тепаат девојка ќе ги напраиме познати. Па после коа ќе влезат у притвор остали притвореници да мислат оти позната личност е..т. pic.twitter.com/rT9dBEz5jl
— Сплинтер (@sinisa_goliOtok) April 2, 2020
По повод овој ужасен чин со експресна реакција до јавноста се јави и заменик-министерката за внатрешни работи Славјанка Петровска која извести дека лицата се веќе идентификувани и приведени, а ќе следуваат најстроги санкции за неспорното и очигледно насилничко однесување:
ФБ статус на Славјанка Петровска, заменик-министер за внатрешни работ