Трудот на земјоделецот не може да се измери. Трудот на земјоделецот нема цена.

Многу денови работа, многу мака, пот и енергија вложуваат земјоделците во она од што и за што живеат.

Не постојат идеални системи. Тоа го докажа почетокот на оваа година кога видовме дека земјоделците во Брисел, срцето на Европската Унија – мозокот на сите европски политики, го изразија своето незадоволство со протест пред Европскиот парламент.

Но, секој земјоделец препознава и цени кога зад него има министерство кои ги разбира неговите потреби, му го чува грбот и активно работи за да изнајде решенија за неговите проблеми. Просперитетот и долгорочната одржливост на земјоделскиот сектор зависи исклучиво од искрените намери да се креираат мерки и политики по мерка на земјоделецот кои можеби нема да ги избришат сите нивни проблеми, но ќе им покажат една искрено подадена рака, помош и поддршка.

Земјоделецот знае да препознае, почитува и вреднува искрена, чиста и недвосмислена намера!

А тоа го потврдуваат непобитни факти за само дел од земјоделските гранки:

Сточари

283,4 милиони денари исплатени авансно кон 9.623 сточари

Лозари

За само две години за 40% зголемена откупната цена на грозјето

Винари

Рекордни 173 мали винарии отворени ширум државава, грантови од 10.000 евра за набавка на опрема за производството

Јаболкопроизводители

203,3 милиони денари исплатени субвенции до јаболкопроизводителите за предадени јаболка во регистрирани откупувачи или преработувачки капацитети за период 2022-2023 година

Оризари

За 300% зголемени субвенциите за ориз, обезбедена поддршка за набавка на комбајни за жнеење ориз

Тутунари

Рекордна откупна цена од 365 денари.

Мали производители

Над 2500 регистрирани мали оператори со храна