Според податоците со кои располага Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, во 05 часот и 36 минути беше почувствуван земјотрес чиј епицентар потекнува од епицентралното подрачје Пештани-Охрид-Струга, со Рихтерова локална магнитуда, ML3.0.
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван од жителите на градовите Охрид и Струга, со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.








































