Во неколкудневната кампања, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски секојдневно ги менува своите тези и ветувања пред граѓаните очајно обидувајќи де да изнуди политички поени. Тој ветува повисоки плати, соработка со соседите, градинки, училишта, проекти кои Владата предводена од СДСМ веќе ги оствари.

Мицкоски на синоќешниот предизборен митинг во Битола истакна дека заеднички патриотизам е кога борбата против криминалот во Македонија ,а сите граѓани ќе бидат обединети за заедничка иднина каде тендерите нема да завршуваат во приватни џебови, а граѓаните ќе имаат европски стандард. Но никако да се сети дека за спорни тендери, за оф шор компании и нелегални набавки на софтвери одговараа пред законот токму поранешни политичари од ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ беше против зголемувањето на платите, ги блокираа сите шест пакет мерки за помош на граѓаните, а сега за него патриотизам се повисоки плати.

На Мицкоски сега му текна дека треба да градиме мостови со соседите, а досега ги бојкотираше сите иницијативи на Владата за напредок и добрососедски односи, не присуствуваше ниту на Отворен Балкан, една од најдобро оценетите иницијативи за соработка пред се на економски план.

Регионалната иницијатива меѓу Северна Македонија, Албанија и Србија, која неофицијално беше нарекувана Мини Шенген доби ново име – Отворен Балкан. Таа ќе овозможи регионално поврзување за соработка и слободен проток на патници и услуги меѓу три земји. Целта на Отворен Балкан е да се анулира чекањето на границите и да нема царини, а Мицкоски тогаш одговори тека ова не е една од алтернативите за земјата.

Извор: Центар