Омикрон сојот од коронавирусот кој беше откриен пред еден месец во Јужна Африка, од вчера и официјално е регистриран во соседството, во Србија и во Албанија каде се евидентиорани по едно лице, во Грција има повеќе од 30 инфицирани. Директорката на Институтот „Батут“, во Србија д-р Верица Јовановиќ утринава на РТС зборуваше за нови сознанија околу преносливоста на оваа варијанта.

„Кога станува збор за брзината на пренесување на оваа варијанта на вирусот, утврдено е дека тој многу брзо се шири каде и да е присутен, дека инфекцијата се јавува истовремено од едно лице на пет до шест лица и дека вирусот се размножува со многу висока стапка“, рече д-р Јовановиќ.

Таа нагласи дека „заразноста на вирусот е зголемена“, а што се однесува до мерките што се применуваат, вели дека се уште остануваат на сила, но дека пред се „треба да се земат предвид сите лични превентивни мерки“.