Како на професорките од Правен факултет, Гордана Силјаноска Давкова и Тања Каракамишева не им беше ниту страв, ниту проблем вчера да се појават и да гласаат на изборите на Правен факултет, ама незамисливо им е да одат на парламентарни избори бидејќи во услови на пандемија тоа било неизводливо?! Еве професоркиве вчера го докажаа токму спротивното и тоа во ден кога во државата имавме рекорден број од 120 новозаболени од коронавирус! Вистински микро-модел на гласање: маски, ракавици, средства за дезинфекција, соодветно растојание, почитување на протокол. Тоа е анти-корона протоколот на однесување секаде во светот, ама се чини професоркиве имаат двојни аршини водени исклучиво од партиски цели. Парадоксот е дотолку поголем што како долгогодишни професорки на Правен факултет веројатно знаат што во овие моменти би значеле функционални институции за државата, а каде нè води оваа вештачка и неодржлива состојба со продолжување на вонредната состојба и какви далекусежни последици би можела да има по демократијата?!

Ама веројатно тоа е и крајната цел која опозицијата сака да ја постигне, тотален крах на системот и колапс на институциите. Останува нејасно како нефункционална држава која нема да може да ги сервисира потребите на своите граѓани поволно ќе влијае на здравјето на граѓаните, бидејќи за опозицијата здравјето на граѓаните нели секогаш е на прво место?!

На здравје гласање!