Пратениците од новиот собраниски состав ги поднесоа анкетните листови до Државната комисија за спречување на корупцијата.

Анализирајки ги детално имотите на новите народни избраници дојдовме до интересни бројки кои ги пријавил генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник, Игор Јанушев.

За потсетување, Јанушев беше носител во третата изборна единица. Тој во изборната кампања а и после неа, освен што слушнавме дека се заканува со боксови кон жени, за политичките противници знае да употребува зборови од типот: Мафија, криминалци, рекетари и сл.

Но да видиме со каков имот располага овој пратеник на свои 36 години.

Игор Јанушев, во својот анкетен лист пријавил четири стана во Скопје, куќа во Охрид и две луксузни возила, автомобил Lexus GS 450H и NISSAN QASHQAI.

Од целиот имот кој изнесува над 300.000 евра, трите стана, куќата и џипот се на име на неговата сопруга. Впрочем, нешто слично со примерот со екс премиерот Груевски.

Едното возило е купено во истата година кога Јанушев беше директор на ЈСП-Скопје, кој сега е осомничен за набавката на кинеските автобуси, а другото возило е купено 2020г.

Ретко кое семејство во државата може да си дозволи во период од две/три години да се поднови со две луксузни возила.

Нешто слично е и со становите.

Во 2009г еден стан на име на сопругата е добиен на подарок и еден со купопродажба. После само три години, уште еден стан добиен како подарок и еден со купопродажба.

Вкупно четири стана за само три години.

Истиот тој Јанушев, со толку големо богатство, деновиве протестира за зголемување на цената на струјата од 90 денари, а во времето на ВМРО-ДПМНЕ таа беше покачена за 100% или дупло. Тогаш, тој и сите функционери од ВМРО-ДПМНЕ молчеа и ги оставија граѓаните и стопанството да плаќаат изгор струја. Сега кога во партијата им “висат на конец” функциите, први се на протестите и демонстрираат наводна загриженост пред граѓаните.

Бидејки, на протестот со автомобили можевме да видиме многу луксузни автомобили меѓу кои и мерцедес кабриолети и Ауди А 8-ци, не знаеме со кој автомобил свирел во колоната генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, со Лексусот или со џипот или пак се шлепал со друг позајмен автомобил за да го скрие својот луксузен живот од јавноста?!