По првиот круг од претседателските избори минатата година, Заев најави “Метла” за сите оние функционери од СДСМ кои не се покажале на висината на задачата и не одработиле доволно во корист на граѓаните.

Метлата измете во вториот и подолните ешалони, но следуваше аферата “Рекет” која зададе сериозен удар врз рејтингот на владејачката партија.

Тогаш, на покана на Заев, Љупчо Николовски од сигурната министерска фотеља прифати да седне на жешкото столче во партијата, на позицијата Генерален секретар на СДСМ.

Тој со својата енергија и визија беше џокерот на Заев за стопирање на негативниот тренд по кој тргна партијата.

Од дури 6% заостанување во рејтинг позади ВМРО-ДПМНЕ, за неполна година, со макотрпна работа која ја препознаа сите, како генерален секретар на СДСМ и Шеф на изборниот штаб на коалицијата “Можеме”, Николовски прогласи победа на парламентарни избори после цели 18 години.

Во тие 12 месеци откако Николовски е ген-сек, СДСМ мораше да започне процес на реформа, реорганизација, поставеност во служба на граѓаните и да прерасне во модерна европска партија, за да денес биде победник на изборите.

Последната победа на СДСМ на парламентарни избори беше во далечната 2002г со освоени 480.000 гласови и 60 мандати. Од тогаш наваму, на сите парламентарни избори 2006, 2008, 2011, 2014 и 2016 година победуваше ВМРО-ДПМНЕ.

На овие предвремени избори коалицијата на СДСМ според првичните податоци, освои 2 пратеника повеќе од ВМРО-ДПМНЕ.

Партиите сега ги чека период за преговори за составување на нова Влада.