Македонската јавност се уште е под импресии од вчерашниот ТВ дуел меѓу двајцата најмоќни политичари во земјава, лидерите на двете политички партии СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Заев и Христијан Мицкоски.
Како и за се друго во земјва, така и за ова соочување македонските граѓани со поделени ставови и коментари. Сепак, јавноста беше разочарана од крајниот гест нa еден од политичарите, кога Заев на својот опонент му врачи значка со симболот на НАТО и како што рече Заев, има една за него, а друга подарок за Мицкоски.
По ова Мицкоски извади паричник со дезен „Луи Витон“, и рече дека и тој има подарок за Заев, по што Заев рече дека не го прифаќа и дека тоа не е в ред, и го поттурна паричникот назад кон Мицкоски.
Јавноста подоцна реагираше дека токму тој паричник чини околу 500 долари, па запрашаа од каде му на Мицкоски толку пари, кога неодамна изјави дека нема дневница од 2.000 денари.
-Должиш како партија 8 милиона а подаруваш скап паричник. – гласи еден од коментарите на социјалните мрежи.
Марионета на далечинско, констатираше дел од јавноста за, како што го нарекоа Мицкоски, наследникот на бегалецот во Будимпешта, Никола Груевски.
-Дури ни ДПМНЕ, вакво какво што е никакво, со еден куп криминалци во своите редови, не заслужува онаков претседател!
Освен што го потврди својот статус на политички дилетант залутан во политичките води, господинот „трас-трас“ вечерва стави печат на неизбежниот изборен пораз на партијата која ја предводи.
Сепак, сето ова, помалку или повеќе, беше и досега познато. Она што, барем за мене, ја обележа емисијата беше размената на подароци на самиот крај, кога на виделина излегоа сета злоба и простотилак на слугата на унгарскиот бегалец. Не, навистина…дури ни груевци не заслужија вакво нешто! – пишува Зоран Милошески.
-Победа е кога даваш значка со македонско знаме во чест на нашето членство во НАТО, а одбиваш да земеш новчаник од криминалци, констатира Марјан Забрчанец.
-Мицкоски нокаутиран, навистина нокаутиран. Аирлија убедлива победа на СДСМ и Зоран Заев!, порача Костадин Костадинов.
МИЦКОВСКИ ЈА ФАШИЗИРА ВМРО ДПМНЕ! – заклучи Тито Беличанец. Тој на својот ФБ профил го напиша следново:
Го следев дуелот меѓу Заев и Мицковски и коментирав на ФБ.
• Превладуваа реакциите и на членови на ВМРО ДПМНЕ.
• Останав фрапиран.
• 90% бараат во нивните коментари бараат етнички чиста Македонија, накусо јадрото на партијата е национал фашистичко! Истиот тренд е и во Словачка, Полска, Унгарија итн.
Петрит Сарачини, пак, за соочувањето меѓу Заев и Мицкоски го констатираше следново:
ПРАШАЈТЕ ГО ГРУЕВСКИ?
За секој криминал од минатото на партијата што ја води, Мицкоски вели – прашајте го Груевски.
Тука е проблемот Мицкоски. Цела деценија додека беше на власт Груевски, ниту тој, ниту ти, ниту било кој од партијата на Фамилијата не излегувавте на дебати, за да може да ве праша човек нешто.
Сега ти прашуваш. Дебатираш со Заев неколкупати во овие две-три години. А се уште, не сакаш да бидеш прашан. За нешто, во што и самиот си учествувал – криминалната власт на Груевски, спојувањето на државата со партијата, мвро-вмро, што не доведе до „заробената држава“ и „хибриден режим“.
А, кого друг да прашаме, Мицкоски? Оној што ви е почесен претседател, оној што избега од одговорноста, како што бегаше од дебати со години? Или тебе, кој немаш храброст да расчистиш со тоа криминално минато?
Додека немаш храброст да го сториш тоа, јавноста ќе те смета за лицемер а не лидер. И, ќе те прашува. Оти збоктисано им е на луѓето од апологети на криминалот, на сите анкети најмногу од тоа се жалат, од криминалот, корупцијата, немањето правда. Се додека не станеш свесен за тоа, ќе бидеш обичен намесник на Груевски, негова маша, и ништо повеќе!