Во оваа ранг листа секако не се земаат предвид предизборните спотови на ВМРО-ДПМНЕ бидејќи тие се вон секоја конкуренција и за нив небулозност е благ збор, првенствено заради фактот што се потсмеваат со сопствените граѓани од кои меѓу другото очекуваат глас на изборите. Исто така, веќе секојдневие ни стана да ни ветуваат работи кои владата на СДСМ веќе ги завршила, како на пример да градат пат врз пат или да потпишуваат веќе потпишани конвенции…

  1. ЈАНУШЕВ ЌЕ ОТВОРА РУДНИЦИ?!

Носителот на ИЕ 3 кампањата ја започна со “брилијантна”  вест за граѓаните од Истокот, ќе отворал рудници, а со тоа ќе обезбедел нови работни места за граѓаните. Веста беше дочекана со неверување и разочараност, а голем дел од еко-активистите експресно реагираа. Нејасно е од каде му е храброста на Јанушев да му сервира таков заден план на источниот регион кој традиционално е посветен на земјоделството и егзистира од земјоделската мака и пот.

  1. СИЛЈАНОВСКА-ДАВКОВА БИЛА НАТПАРТИСКА?!

Носителката на ИЕ 1 не пропушта прилика во текот на кампањата да се декларира како натпартиски кандидат и на некој начин да се дистанцира од ВМРО-ДПМНЕ. Имаме универзитетска професорка по право која не се сеќава на единаесетгодишното владеење на Никола Груевски, која не слушнала ниту една снимка за Мицкоски, ама сака да стане висок функционер?! Жена со меморија како на риба, а сака да води држава?! Користела бенефити во сите времиња и сега дојде време сè да избрише како со гума и да се претставува како натпартиски кандидат?! Ако Гога заборава, народот за среќа памети!

  1. МИЦКОСКИ БИЛ ПРОТИВ СЈО, ЗАКОН ЗА ЈО, А ШТИТЕЛ И КРИМИНАЛ?!

Во текот на кампањата разбравме дека шпицниот кандидат за премиер Христијан Мицкоски со сите сили се борел против носечките закони на кои се темели правосудството, против СЈО, против владеење на право и правда и сето тоа исклучиво заради финаниски интереси. Разбравме дека како знак на благодарност за своите финансиери свесно и намерно одолговлекувал судски процеси, а со тоа штител криминал?! И сето ова од позиција на опозиција, каква храброст?! Истиот тој Мицкоски сега ветува борба против криминал, владеење на правото, правна држава?!

  1. АЛЕКСАНДАР НИКОЛОСКИ ЛАЖНО ГО ЗАТВОРИ “ДРЕКСЕЛМАЕР”, ПА ГО ДЕМАНТИРАА

Носителот на ИЕ 4, Александар Николоски само уште еднаш докажа дека кога ВМРО-ДПМНЕ е во кампања, лажните вести цветаат, а на измислиците им нема граници. Па, така Николоски во недостиг на вистини, најгрубо ги излажа граѓаните во Криволак дека “Дрекселмаер” ќе ја затвори фабриката и граѓаните ќе останат без работа. Она што зачудува е како тоа Николоски мислел дека една ваква лага ќе остане недемантирана, што всушност и се случи. Градоначалникот на Кавадарци, после разговор со раководството на “Дрекселмаер” во целост ја демантираше лажната вест на Николоски.

  1. ЈАНУШЕВ ПЦУЕ И ДЕЛИ БОКСОВИ, А СПРЕМЕН Е И ДА УБИЕ

Таман кога мислевме дека сме слушнале баш сè, излезе дека листите на ВМРО-ДПМНЕ кријат сè и сешто, ама кога носител на ИЕ 3 за своја колешка ќе каже “Утре кога ќе ја видам ќе и дадам еден бокс во фаца” или “Слушни ми го зборот, утре ќе ги убијам”, тогаш дефинитивно сфаќаме дека носителот на ИЕ 3 е сè само на искрен борец за права и правда. Едни насилници кренаа рака на државата на 27 април, а сега на други ли насилници ќе им дозволиме да ја уредуваат државата?!

  1. СИЛЈАНОВСКА-ДАВКОВА ЌЕ УКИНУВА УПРАВНИ ОДБОРИ?!

Откако син и цели седум години бил член на Управен одбор на ЈП “Злетовица” со решение за назначување потпишано лично од Никола Груевски, сега дојде време Силјановска-Давкова да се бори против “измислени функции” и управни одбори. Поголема небулоза од ова не е посведочена?!

  1. ДАФИНА ИМ ПОРАЧУВА НА ЖЕНИТЕ ДА ИМ МЕНУВААТ ПЕЛЕНИ НА СОПРУЗИТЕ

Колку во ВМРО-ДПМНЕ е природен тој насилнички и омловажувачки однос, не мора многу да се зборува бидејќи за тоа зборуваат самите носители на листите. Носителката на ИЕ 6, како жена излезе и им порача на македонските женит да им ги сменеле пелените на своите машки половини кога ВМРО-ДПМНЕ ќе ги победеле на изборите. Се гледа дека Дафина не го разбрала концептот за родова еднаквост?! Утре таква безгласна буква ќе биде и во новата влада која би ја направиле, а во која ќе царуваат насилниците и заштитниците на криминал?!

  1. ДУРЛОВСКИ НЕ ЗНАЕ НИТУ КАЈ ТРГНАЛ, НИТУ КАДЕ СЕ НАОЃА?!

Ако досега не се прославил, македонската јавност дефинитивно нема да заборави дека Игор Дурловски, носител на ИЕ  5, не знае каде е Градско, ама сака да биде политичар. Ќе гради и чуда ќе прави, ама не знае точно каде. Да го прашале што ќе се гради во светиниколско  веројатно ќе одговорел од прва, ама за патот од Битола до Градско не слушнал?!

  1. МИЦКОСКИ ПОКРАЈ ПРЕДИЗБОРНАТА, ВОДИ КАМПАЊА ПРОТИВ АНТИ-КОРОНА МЕРКИТЕ

Мицкоски и досега беше познат по саботажа на сè што беше предложено како мерка за борба против коронавирусот од страна на здравствените власти, ама во оваа кампања неговата неодговорност достигна максимум. Ќе остане запаметен по тоа што со ракавици се ракуваше со стотици луѓе, па со истите тие ракавици јадеше леб. Во кампањата секаде каде можеше правеше група околу себе, се ракуваше со секого, па дури и со деца.

  1. ДАВКОВА ЌЕ СЕ БОРИ ПРОТИВ ГОЛЕМИОТ БРОЈ “ФАБРИКИ ЗА ДИПЛОМИ”

Професоркава дефинитивно заборавила дека Никола Груевски е човекот кој отвори факултет во секое село така што во 2014 година нивниот број достигна рекордни 120 факлтети. На тие факултети секојдневно дипломираа, магистрираа и докторираа стотици тогашни функционери на ВМРО-ДПМНЕ, а Силјановска-Давкова тогаш со прст не мрдна да го спаси образованието од пропаст!