После “Разумен компромис е разумен компромис” и “Нема ништо поуспешно од успехот” како две исклучително “мудри” мисли по кои ќе остане запаметен Ѓорѓе Иванов, поранешниот претседател на државата нема причина за грижа бидејќи наследникот е роден.

Игор Јанушев дефинитивно ја посетувал, а судејќи по креативноста, веројатно бил и првенец во Школата за млади лидери на Ѓорѓе Иванов која функционираше под мотото “Нема ништо поуспешно од успехот”?!

“Невозможното е невозможно сè додека не го направиш возможно!” – рече Јанушев и ја побара довербата на граѓаните да креира политики на државата?!

Ако Јанушев вложил максумум од своите капацитети за да смисли ваква содржајна и моќна парола за спот во кампања, тогаш замислете какви идеи и политики утре тој би креирал и спроведувал за државата кога нема да биде под будното око на јавноста?!

А, и ако единствена инспирација во моментов му е дека “невозможното е невозможно”, тогаш тоа многу говори за состојбата на умот на Јанушев во моментов, веројатно свесен за контекстот во кој се наоѓа и нереалните очекувања кои ги има.

Ниту една политичка опција во светот не би тргнала во кампања со несреќна игра на зборови од типот “невозможното е невозможно”, ако е толку сигурна и цели на победа!

Ама, тоа е дефинитивно работа на психолозите!